Тони Чатлески, директор на ЦК “Марко Цепенков”
Надворешно реновирање, уредување на салата, нова премиера, изложби, колонија Дрен, културно лето. Ова се дел од активностите што претстојат во ЦК “Марко Цепенков”, на инфраструктурен и на програмски план, а ги најавува директорот Тони Чатлески. До крајот на мај објектот на Цепенков ќе добие нов фасаден лик. Зградата ќе биде преобоена, компатибилна со околината, со новиот арт простор. Со пребојосувањето ќе се подобри изгледот. Зафатот се презема пред театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински” – вели Чатлески. Тој најавува дека за многу брзо време градот ќе добие продажна галерија, каде секој љубител на уметноста ќе може да купи уметничко дело. Галеријата Аче повторно ќе заживее. Првпат била отворена пред 20 години. Сега еден дел од просторот на објектот ќе биде реновиран и приспособен за галерија. Уметниците ќе можат да продаваат слики, а љубителите на уметноста да ги задоволат вкусовите за ликовни дела. Во летниот период, планирана е реконструкција на големата сала. Ќе се претапацираат седиштата, ќе се промени подот, ќе се освежи сцената. Сé за подобрување на културната понуда. Овие обемни зафати ќе завршат до ноември – потенцира директорот. Во тетарот се подготовува претставата “Змејовата невеста”. Премиерано ќе се изведи при крајот на мај. За театарскиот фестивал очекуваме одлично претставување, а на крајот на јуни е петата колонија Дрен, со учество на еминентни ликовни уметници од земјата и странство. По Пиво фестот стартува културното лето со различни културни содржини – потенцира Чатлески.