ОУ “Гоце Делчев” петтипат ги отвори широко вратите за децата од Прилеп, Кривогаштани, Македонски Брод и Долнени, учесници на хорско – оркестарските смотри. Друга опција нема и не давам да има, бидејќи имаме одлична соработка со организаторот од Скопје и на взаемно задоволство го прославивме овај мал, но значаен јубилеј – вели Трајче Каралиоски, директорот на ОУ “Гоце Делчев”. Покрај основни, учествувале и средни училишта, а првите места завршиле за хорот од ОУ “Гоце Делчев”, под диригентство на Љупче Мирчески, за мандолинскиот оркестар од ОУ “Блаже Конески”, со наставничката Марија Неделкоска и мешаниот оркестар воден од Ѕвонко Мирчески од ОУ “Кочо Рацин”. Учествувале 11 хорови и осум оркестри, меѓу кои бил и хорот на музичкото училиште, претставен ревијално, со професорката Леонарда Богданоска – Гиноска. Публиката уживала на одлично “наштиманите”, гласни жици, а постарите наставници се потсетиле на младоста. Наградените ги очекува потврда на државниот натпревар во Скопје.