“Крајот на светот каков што го знаеме” нова премиера на МДС

“Крајот на светот каков што го знаеме,, од Алекс Браун, во режија на Андреј Богатиноски е новата премиера на Младинското драмско студио при ЦК “Марко Цепенков” прикажана синоќа. Претставата е современа драма во четири кратки делови, меѓусебно независни по дејствие едни од други. Романтика, самоубиствени мисли, пороци и генерациска промена. Испраќаме порака дека светот не е како што го познаваат постарите. Дејствијата се случуваат на четири места на планетата. Тоа е симбол дека промените имаат замав насекаде – велат од МДС.

Играат Исидор Јованоски, Наталија Ристеска, Дарко Карбески, Александар Пусоски, Марио Стојаноски, Виктор Мирчески, Симона Трајческа и Ангела Димеска.

Со претставата “Крајот на светот каков што го знаеме”, МДС ќе конкурира за учество на Драмскиот аматерски фестивал ФААТ во Кочани.

Loading