Конците во старата елита

Во СДСМ

Раздвижени се актерите на политичката сцена во земјава. Владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ, сменува над 150 функционери, освежувајќи се со нови лица и на партиските и на поважните државни институции. Партијата покажува дека никој нема трајно гарантирана позиција. Тоа е и демонстрација на кадровски потенцијал со нови идеи на сите нивоа.

Од друга страна, СДСМ летаргично и без бујност и “раскош” со идеи, и со сиромашна инвенција не покажува готовност за кадровско рефреширање. Без смисла за кадровски иновации, гази со “проверени” луѓе. И тоа со кадри кои загубија неколку изборни круга. Мислена именка е политичкиот морал, губитниците да заминат и да ги отстапат позициите на младите, кои упорно бараат шанса за докажување. Менаџмент во сенка е старата партиска елита. Таа цврсто ги држи конците во свои раце со свои послушници и марионети. Битката меѓу “возрасните”, поранешни челници, кулминира меѓу младите. СДСМ маки мачи во пазарењата за избор на претседател на младите. Неединството е рефлекс на интересите да се стави свој човек, и на тоа партиско место, од каде ќе се креира кадровска политика, плус, зашто првиот млад социјалдемократ учествува во партиската кадровска комисија.

Loading