Со европски пари и со дел средства од државниот буџет во Прилеп ќе се реализира еден од најголемите проекти во земјата за заштита на животната средина. Ќе се врши комплетен третман на отпадните води со изградба на современа пречистителна станица. Проектот е вреден 20 милиони евра, од кои 17,2 милиони евра се пари од ЕУ, а 3,8 се пари од Владата. Добиваме нова канализациска мрежа и ќе се пречисти загадената вода на градска река. Со тоа комплетно ќе се заштити животната средина и улиците ќе добијат нов асфалт – изјави градоначалникот Марјан Ристески. Десетина фирми го скенирале теренот, зашто реализацијата ќе се одвива во две фази, а според процедурите треба да започне од есен. Првин ќе се реконструираат 23 километри канализациска мрежа со колектор и ќе започне градбата на пречистителната станица на 6000 квадратни метри. Втората фаза опфаќа уште 40 километри мрежа – вели Сашко Николоски, директор на Водовод и канализација.