Турската градежна компанија “Еге кооп” покажа интерес за градба на станови и индивидуални куќи. Претседателот на бордот на компанијата, Хусеин Аслан, соопшти можност за инвестирање кон крајот на годинава. Дојдени сме да ги анализираме околностите, а за неколку месеци ќе дојде друг тим – рече Аслан. Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески изјави дека Турците покажале интерес за новиот генерален урбанистички план. Го запознавме гостинот со деталните планови каде е предвидено подигање на колективна и индивидуална станбена градба. Му ја покажавме локацијата на идната типска европска населба “Градина” – рече Ристески. Делегацијата се интересирала за концесионирање за истражување или експлоатација на мермер, гранит и оникс во прилепско. Турскиот бизнисмен бил и во Кочани и Битола.