Позајмување на германски искуства

Двајцата професори, Мануела Котеска и Спасија Нешкоска Цуцулеска, со директорката Наталија Ацеска  од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ги  договараа идните заеднички активности за соработка и меѓусебна размена на учениците во училиштето од Мелзунген – Германија. Договорено е нашите деца да црпат искуства во Германија во септември, а германските средношколци да се запознаат со нашиот систем на средно образование  во април или мај в година. Професорите научиле најразлични проекти што се дел од секојдневието на германските ученици. Со манифестацијата “Ден на отворени школски врати”, учениците се запознавале со различни аспекти од животот на социјалните групи на бездомници, тинејџери – родители, хендикепирани… Прилепските гости  го “откриле” дуалниот образовен систем, односно  редовна настава и практика.

Loading