На заедничи ручек, за велигденските празнувања, во трпезаријата на црквата Свето Благовештение седнаа свештениците од МПЦ и оџите од ИВЗ. Дружбата им беше под покровителство на градоначалникот Марјан Ристески. Средбата веќе станува традиционална и се организира во знак на соживотот и добрососедството во општината. Градоначалникот Ристески им вети на претставниците на ИВЗ дека посетата ќе им ја возвратат на одбележувањето на ѓурѓовденските празници, за Рамазан и Бајрам.