Две години тренинзи за еден меч

Фудбал: Нов голман во 11 Октомври, Александар Игески

Во неделата меѓу стативите на 11 Октомври првпат се претстави голманот Александар Игески (19). За мнозинството е енигма. Одлично одбрани, а прими зицер гол во претпоследната минута за 1-1 со шампионот Шкендија. Не беше лесно, пред мене се колегите Коруновски и Кебакоски. Две години трпеливо тренирав, бранев за Младост Кривогаштани и чекав шанса. Вредеше трудот и довербата од тренерите. Кај Тони Наумоски сум 10 години, а од Круме Митрикески богатство се советите да не се плашам и да немам трема – вели Игески. Голманот е еден од младите во новиот тим. Во одбраната придонесе Дунимаглоски, в средина Наумоски и Крстески, во напад Радески. Има уште, како Тошески, Петрески, Јанкоски, кои со искусните првотимци претставуваат добитна комбинација. Во лошото секогаш има добро. Кога шансите за опстанок се загубија, клубот дава можност на сите. Тоа е полн погодок. Очекувањата ги оправдуваме – истакнува Игески.

На ред се тешки дуели, в недела на гости кај Металург, наредната дома со првиот Вардар. Отпаднатиот тим има мотиви, а играчите тренираат како да се борат за тутула. Високиот чувар на мрежата говори полн со елан.

– Публиката е со нас, спонзорот дава поддршка и тоа го цениме. Ќе ги покажеме квалитетите – порачува Александар Игески.

Ќатип Османи – Прилеп да има прволигаш

Прилеп в година ќе нема прволигаш, а Тетово дури четири, ако влезе Дрита. Рамнотежата меѓу фудбалските центри е загубена. Тренерот на Шкендија Ќатип Османи смета дека градов го заслужува некогашниот статус.

– Најправедно да имате прволигаш. Отсекогаш се играл добар фудбал, дерби со многу публика – подвлекува Османи.

Loading