ОУ ,,Гоце Делчев,,
Не запираат успесите на учениците од ОУ “Гоце Делчев” по хемија. После успесите во средното “Јахја Кемал”, веднаш триумф на талентот Давор Василески. Осмоодделенецот на натпреварот од “Народна Техника” го освоил првото место и “добил виза” за државното првенство во Кавадарци. Темата на Давор била “Присуство на белковини во прехранбените производи”. Одлично експериментирал и освоил 95 од вкупните 100 поени. На деби натпреварот, ги мешал реагенсите со “хируршка” прецизност, покрај четворицата “конкуренти”. Наставничката Кети Ристеска вели дека се спремаат интензивно за претстојната “битка”. “Тренираат” дополнително 2 – 3 часа неделно. Натпреварот ќе биде со тест и со експеримент. Учесниците кои нема да го минат тестот, нема да експериментираат. Василески ќе “гаѓа” медали со истиот проект, но со временска рамка од 20 минути. Давор ја “мерка” медицинската струка, а за понатаму е на мисла да стане доктор. Додека се дума за иднината, ќе игра тенис и кошарка, сонувајќи ги висините на Роџер Федерер и НБА ѕвездата Двејн Вејт.