Чатлески прогласи ВБЦ шампион

Бокс: Во Заечар, Србија

Неуморниот Ѓорѓи Чатлески, меѓународен боксерски судија, е првиот Македонец кој судеше за шампион во престижната ВБЦ верзија. Се случи во саботата, во Заечар, Србија, каде домашниот Милан Пиперски освои таканаречена Сесловенска титула во полусредна категорија, победувајќи го со нокаут во петтата рунда Бугаринот Драгомир Тотев. Чест беше што бев бодовен судија. Тоа беше успех и за целата земја. Размислувам за вакви манифестации во Македонија. Профи боксот е атракција, време е да го развиеме – вели Ѓорѓи Чатлески. Чатлески животот го посвети на боречките вештини. Прв го промовира џудото, потоа кик-боксот, а во последно време се вложува во класичниот бокс. Член е на “Балкан бокс промоција”, основач на “Про бокс Македонија”. Тренер е на клубот АС, секогаш подготвен за викендите да оди на судење.

– Сум судел цели денови, воведни и главни борби. Искуството е богатство. Со нетрпение чекам покана  да делам правда на најголеми мечеви – истакнува Чатлески.

Loading