Смена во групата “Мајмуни”

После 20 години, смена на лидерското место во навивачката група “Мајмуни” Наместо водачот Блаже Димоски – Бибио, кој е во четвртата деценија од животот, назначен е 23-годишниот Крсте Ѓорѓиоски – Буцо. Новиот лидер се промовира на синоќешното женско ракометно дерби, Жито Прилеп – Вардар. Доста е. Возрасен и семеен човек сум. Групата ја препуштам на помладите. За совет, тука сум. Натпреварите ги посетувам, оти не можам без спорт. Обврска е функцијата почесен претседател – вели Бибио. Буцо е избран меѓу многу кандидати, активни во навивањето. Критериумите се храброст, истрајност, комуникација, способност за организација и водење на маса навивачи… Изгледа лесно, но мошне е одговорна улогата на водачот, кој става ред на стотици, некогаш и неколку илјади членови. Довербата ќе ја оправдам. Имаме традиција во навивањето. На нашите екипи ќе им даваме силна поддршка – ветува Буцо. Следно собирање на “Мајмуните” е утре (16 ч.) за фудбалскиот меч Победа ј. – Влазерими, а помасовно за 11 Октомври – Вардар, на 29 април.
![]()

