Македонскиот ентитет во Јужна Србија, во Врање, Бујановац, Босилевград, Прешево и Сурдулица се под закрила на асоцијацијата “Гоце Делчев”. Покрај гинекологот Благоја Цивкароски и заменик градоначалникот Игор Андонов, здружението е во рацете на Пеце Ристески. Тој е поранешен старешина на војската, а потекнува од селото Алинци. Вели дека во пчињската област живеат околу две илјади Македонци, згижени под “капата” на здружнието. Главно се собираат за македонските национални празници, во одбележување на годишните или за концертите на фолклорните ансамбли од Македонија. Друштвото е дел од Македонскиот совет на Србија, поддржан од српската влада. Со конкурирање успеваат да добијат средства за функционирање, а од неодамна локалните власти на Врање им доделиле и канцеларија. Македонците ги одбележуваат активностите во списанието Македонска виделина. Односите со мнозинското население се коректни и се темелат на принципите на почитување, толеранција и лојалност. Добро е што и младите генерации не ги забораваат корените на своите претци – вели Ристески. Неодамна прилепска делегација од библиотеката и со претставници на локалната самоуправа воспоставија контакти со Македонците од Врање и околината со намера да се продлабочат културните врски.