Со три медали од натпреварот “Бисер мора 2012” во Супетар на островот Брач, во Хрватска, се вратија готвачите од ресторанот Ескалибур. Тие континуирано учествуваат и победуваат на кулинарските натпревари. Вештите готварски прсти на прилепските мајстори ги фрлаат во сенка готвачите од другите држави. Нашите мајстори на кујната потврдија дека градот располага со талентирани кулинари, но и гурмани. За успехот придонес имаат и сопствениците на Ескалибур кои секогаш ги поддржуваат готвачите кога “бијат битка на астал” со зготвените јадења.