Со вар против мравки

“Комуналец” ги заштитува на стеблата на градските дрвореди. “Белите дробови” на градот се за украс, но и за подобрување на еколошките стандарди. Наездата од мравки и други инсекти традиционално се спречува со варосување за да се спречи дупчењето на стеблата и да им се продолжи животниот век на дрвјата. Варта е стара и ефикасна, но и потвредна техника за уништување на штетниците. Со неколку потези на четката, дрвото се варосува до метар и половина да нема проблем со мравките. Пожелна е пролетната глетка на комуналците со количката, четката и кантата вар во обелување на дрвата да не појдат “фира” старите дрвореди.

Loading