Со автомобил до манастирот Свети Димитрија кај Селце

Асфалтен пат од два ипол километри ќе води до манастирот Свети Димитрија кај селото Селце. Со сопствени и државни пари од кредитот од Европската банка за обнова и развој, локалните власти го асфалтираат патот и да го доближат храмот до граѓаните и да влијаат на развојот на туризмот во манастирите. За асфалтирањето се вложуваат 190 илјади евра. Жителите од село Селце велат дека патот ќе придонесе да се развие манастирскиот туризам, оти, поради непристапноста, намерниците се откажуваат да го посетат манастирот од 19 век. Наскоро, ќе започне и градбата на патот за манастирот Трескавец, долг десеттина километри, во кој државата ќе инвестира 1,5 милиони евра.

Loading