Повторно зажубори водатата во светлосната фонтана на плоштадот Александрија. Шикнаа шепурките, се појавија водоскоците. Започна водениот танц во најголемата градска фонтана, која е вистинско освежување за прилепчани особено во летните месеци. По “зимскиот сон”, откако сонцето ги скина оковите од снег и мраз, живна фонтаната. По прилепскиот терк, на домаќинлак, сé стручно се репарира на фонтаната. Мајсторите за водени “џампинг џет возбуди”, ги прегледаа пумпите, семеринзите, филтрите. Особено се врткаа околу контролата и прегледот на подводните ламби, кои и даваат посебна убавина и белег на фонтаната претежно во вечерните часови. Во рацете на луѓето за играа и четките, се урнисува нафатеното зеленило на гранитните плочи, се чистеше и бигорот од дното, се отнуваа затнатите цевки да рикаат млазеви вода и да шират ведрина. Се изгланца, се изми, внатрешноста, за радост на сите и децата и пензионерите, кои најмногу уживаат крај аква паркот во центарот на градот.