Прилеп и Воден ќе соработуваат првин во културата

“Прилеп е на еден час, а Атина е оддалечена пет часа. Затоа ќе работиме на обединување на граѓаните од двата града, особено на полето на културата, а и во сите останати домени. Со тоа ќе í помогнеме на високата политика”. Ова го изјави гостинот, градоначалникот на грчкиот град Воден, Димитри Џијану, на средбата со прилепскиот колега Марјан Ристески. Двајцата градоначалници ги разгледаа можностите за воспоставување на соработката. Постои амбиент за соработка на сите полиња со заеднички проекти кои би можеле да бидат следени од програмите за прекугранична соработка на ЕУ. Можноста ќе ја искористиме за поблиско запознавање на граѓаните на двата града – изјави градоначалникот Марјан Ристески, кој на својот колега му подари икона од заштитникот на Прилеп, Свети Никола.

Loading