Повеќестрано корисен јарбол

Ново ноќно осветелување доби јарболот со националното знаме во центарот. Стручни екипи со опрема за одржување на столбот го сменија и го засилија слабото и прегорено осветлување од зимоска, за да блесне и ноќе националаниот симбол и да ги подгрева националните чувство. На високиот столб неколкупати е сменето знамето, поради литење од ветровите. Националната гордост има и практични предимства. Некои знамето го користат за утврдување на насоката на ватерот. Ако знамето се вее кон бизнис центарот, од север, студ е во градот. А во спортивната насока е југ. Тоа значи дека доаѓаат летни дождови или времето е топло. Јарболот стана и место за средби. Порано младите се среќаваа, а со обновувањето пак се вратија кај кино рекламите. рекламите добија конкурент во јарболот. Не ретко се вели – “да се видиме во толку и толку саатот кај единствениот централен највисок јарбол во градот”.

Loading