Победете го шампионот!

Ракомет: Жито Прилеп – Металург

В сабота (15.30 ч.) во арената “Сонце” е женското ракометно дерби меѓу Жито Прилеп и Металург. За шампионот владее мобилизација. Навивачите со душа чекаат вакви дуели, оти нема друг силен и звучен ривал. Редно е ракометарките во црвено да се оддолжат со борбеност и да се собори првакот по толку порази. Имавме добри проверки, а сега сме концентрирани на утрешниот меч. Цела недела се подготвувавме двапати дневно. Имаме добра одбрана и сигурен напад. Ривалот е силен, квалитетен и со поброен фонд, но дома сме во предност и атакуваме на триумф – вели Методија Петлески, тренер на Жито Прилеп. На потег се ракометарките. Треба да го надигра моќниот гостин на тренерот Крсто Петрушевски. Металург доаѓа со репрезентативки. Силни се, но имаат и слаби страни. Лани загубија овде, и сега пак ќе бидат поразени. Мора да се избориме, оти бодовите случајно не доаѓаат – порачува Петлески. Претходно е одигран Купот, во кој се забележани две победи. Овче Поле СУ падна со 43-22, а Леов бартек загуби со 28-21 од Жито Прилеп.

Loading