Пелистер двапати не потклекна

Битолчани отпорни

Две дерби средби се одиграа против истоимен противник, Пелистер. Фудбалерите на Победа јуниор 90 минути, притискаа, но не погодија на вистинско место и резултатот остана 0-0. Во 55. минута  судијата досуди пенал, но помошничката му ја промени одлуката и покажа само слободен удар. Пелистер успешен и во ракомет. На младинското дерби битолчани го совладаа РК Филип со 14-20 (8-8). Екипата на домашниот тренер Александар Танески добро се држеше во првото полувреме, а  гостите доминираа и го оправдаа епитетот фаворити и лидери на табелата со сите победи. Пелистер го тепавме во пинг – понг. Таму цела Македонија ништо не ни може, Младост е шампион на две кола пред крајот.

Loading