Нови знаења за Еурокомпозит

Компанијата Еурокомпозит 11 Октомври е дел од проектот за одржлив развој, финансиран од ЕУ, во кој се вклучени 6 универзитети од Европа, меѓу кои и Технолошко – техничкиот факултет на Универзитетот од Штип и Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј. Дел од вработените од Еурокомпозит се запознаа со новините и техниките за воведување одржливи технологии и почисто производство.  Курсот опфаќа обновување и надградба на знаења од одржливоста на општеството и индустријата, легислативата, современите технологии, примена на обновливите извори на енергија, концептот на нулта загадување, користење на алтернативните извори на енергија и искористување на отпадот како суровина. Трансевропската програма за мобилност позната како Темпус, во чии што рамки се одвива проектот, е креирана да ја поттикне соработката во високото образование меѓу државите со партнери од ЕУ.

Loading