Скопски и охридски лаври за децата од “…Оцка”

Скопски и охридски лаври за децата од “…Оцка”

50-тиот државен натпревар за ученици и студенти по музика во Скопје со награди го одбележаа надарените ученици од музичкото училиште. Во соло пеење, Драганчо Најдоски се закити со прва награда, а Бранко Смоквоски го зазеде второто место. Двајцата се од класата на професоркат Леонарда    Гиноска – Богданоска. Пресудни беа природните способности и вложениот труд во надградбата. Свое влијание има љубовта кон пеењето – вели Гиноска – Богданоска. Прилепските деца се вратија со награди од музичката битка во Охрид. Меѓу хармоникашите на професорката Кети Милеска на тронот се качија Стефан Трајковски и Александар Тасевски. Место подолу беше Филип Петрески.

Loading