Локалната самоуправа инвестира во уште еден кружен тек на сообраќајот со модерно уметничко дело на средината на крстосницата на Булеварот “Маршал Тито” и улицата “Димо Наредникот”. Градбата ќе заврши за два месеца. Се урбанизира градот, а сообраќајот ќе стане практичен и безбеден, зашто се презема зафат по теркот на европските метрополи. Големато скулптура ќе биде поставена во центарот на кругот со дијаметар од девет метри. Коловозот околу ќе има две ленти, широки по 8,5 метри. Локалните власти ќе вложат околу 9,5 милиони денари. Наскоро ќе уредува за режим на сообрајќај со кружен тек и на крстосницата на улиците “Мице Козар” и “Марксова”. Градот ќе се задолжи 500 илјади евра за изградба на авениски влез со четири ленти, парк и осветлување на средината на улицата “Моша Пијаде” до конфекцијата Солидност на влезот од Градско.