Напишана пред 17 години
Пензионираниот спортски новинар Миле Талески најавува промоција на “Монографија на прилепскиот ракомет”, од 1995 година. Излезена е од печат седум години подоцна, а никогаш не е претставена. Бел ден чекаат околу 1500 примероци, дел со тврда корица. Трагедија. Можев да напишам книги за сите спортови, ако навреме се промовираше. Имаше пречки. Се надевам дека заложбата на поранешни ракометарки ќе биде плодна и конечно ќе се претстави книгата, веројатно на ревијален меч на ветеранките Тутунски – Ѓорче Петров – вели Талески. Книгата, и без промоција, е во рацете на десетици поранешни ракометари, тренери, функционери, кои имале среќа да ја добијат на подарок. Само тие ја знаат содржината и со восхит ја прераскажуваат. Ги има сите сезони и натпревари. Над 400 страници се полни со текстови и 1000 фотографии.
– Не пропуштив ни едно име. Верувам дека ракометните љубители ќе се задоволни. Опфатено е сé од почетокот на големиот ракомет, првите игралишта за малиот, учествата во вторите југословенски лиги. По промоцијата, е следниот проект – најдобрите прилепски спортисти – најавува Талески.