“Менаџментот во Библиотеките” е новата публикација од д-р Наде Караџоска, издадена од Библиотеката “Борка Талески”. На 200 страници е објаснето како се менаџираат библиотеките и кои се придобивките од современиот начин на раководење. Според авторот, потребен е врвен професионализам, библиотеките да опстанат како културни институции. Вклопувам проблемски пристапи на функциите на менаџментот во библиотекарското работење. Книгата нуди нов и современ поглед на библиотеките – вели авторот.