“Книга на отворено” е саемот на книга што пред споменикот на Цепенков, од вторник па во наредните неколку недели ќе го организира Библиотеката. Честа први да го отворат саемот ја имаат од ИК “Просветно дело”, кои од вторник до недела ќе ги претстават најновите, но и постарите изданија. Љубителите на пишаниот збор, ќе можат да остварат средби и со македонски автори. Библиотеката ја реализира манифестацијата да ја доближи книгата до читателите уште повеќе. И останатите издавачките куќи од земјата ќе ги промовираат најновите изданија.