“Калигула” ќе го “окупира Драмски”

Театарот гостува на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во вторник, 17 април, со “Калигула”, во режија на Зоја Бузалковска. Претставата, по текст од Албер Ками, ќе ја отвори манифестацијата “Окупирај го Драмски”. Се стремиме да направиме ревија на македонските национални театри. Очекуваме манифестацијата да предизвика интерес особено што на стартот доаѓа “Калигула” од Прилеп – вели Зоран Љутков, уметнички раководител на Драмскиот театар. Моќната и силна претстава одлично ја отсликува емотивната состојба на човекот, сугерирајќи дека сé околу него е лага, иако тој сака да живее во вистина. Приказната на сцена верно ја раскажуваат актерите Александар Степанулески, Даниела Иваноска, Никола Настоски, Игор Трпчески, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Зоран Иваноски, Александар Тодески, Наташа Наумоска, Марија Спиркоска – Илијеска и други.

Loading