Иконата е писмо напишано со бои

Златко Лечковски, иконописец

“Богородица – Умиление”, “Богородица (Поширока од Небесата)”, “Благовестие”, “Св. Никола”, “Св. Климент Охридски”, “Св. Великомаченик Георгиј”, се дел од иконите од битолскиот иконописец Златко Лечковски, што ќе бидат изложени од среда, 18 април од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Иконописецот се претставува со 40 тина икони, создавани од 1998  до 2012 година. Лечковски потенцира дека луѓето со векови ги почитуваат и им се поклонуваат на иконите. Затоа, следејќи го својот уметнички порив започнал да твори икони. Бог уште од почетокот го создаде човекот по своја икона (лик, образ). Во православието постојат правила, кои треба да ги почитува секој иконописец. Сликањето икони по имагинација, без познавање на правилата не може да се нарече икона во строга смисла. Иконата не тежнее да го прикаже реалниот надворешен лик, туку внатрешниот, психолошкиот карактер. Таа е писмо, напишано, наместо со букви, со бои – вели Лечковски. Омилена икона му е “Нерактворениот Образ на Господ Исус Христос”. Насликан е печаток од Христовиот лик врз парче платно кое му го подава Вероника. Сакам да ја сликам. Проникнувањето на ликовите зависи од талентот – додава уметникот.

Loading