Одбележувајќи го денот кога е формирана Светската здравствена организација пред 64 години, а воедно и денот на здравствените работници 7-ми Април, учениците – идните медицински сестри од СОУ “Ѓорче Петров” мереа крвен притисок. Одбрале “топ” места за поставување на апаратурата. Една група в чаршијата, а другата во пензионерскиот дом. И покрај дождот, кандидати за мерење имаше на претек. Идните медицински сестри, работеа во три групи, подзатскриени под шатор и на масички и столови од локалното кафуле. Организаторките Ленче Јованоска, Петра Лукароска и д-р Снежана Переска сакаат Денот да го одбележуваат секоја година и да премине во традиција. За следната година се токмат да го “покажат вистинскиот лик” на здравствените работници – да им направат на прилепчани целосна дијагноза.