Кога нема место на седишта
По пријателскиот меч со 11 Октомври, фудбалерите на Победа јуниор од Спортскиот центар “Маркови кули” се враќаа накај стадионот “Гоце Делчев”, кон соблекувалната. Беа толку многу, што во автомобилите немаше за сите место. Еден, кој не го препознавме кој е, мораше да се стутка назад кај топките, во гепекот. Младите во кариерата доживуваат сé и сешто. Тренираат на студ, мраз за да успеат. Во фудбалот сé е возможно со труд и истрајност. Можеби еден ден ќе видиме фудбалер од печалба во странство со најнов модел сопствен автомобил, а ќе се сетиме само дека тој е истиот кој некогаш го седнувале в гепек.