Еднакви можности во ОУ “Гоце Делчев”

ОУ “Гоце Делчев” е единствено училиште, вклучено во програмата “Еднакви можности на сите деца”, заедно со уште 20 од земјава. Програмата претендира на подобрување на интеграцијата на децата со специјални потреби. Бидејќи сите деца се исти, оттаму и идејата децата да учествуваат на конкурсот за свои лични творби преку НВО “Отвори ги прозорците” со поддршка на УСАИД. Да им го доближат светот на интернетот и компјутерите, службите во училиштето инсталирале специјални програми за полесен пристап. Голем е интересот за конкурсот, а гласањето ќе биде преку интернет. Најдобрите ќе добијат награди. Едновремено, учениците ги подготвуваат настапите и новите дизајнирани програми за смотрите во мај. Засега ја откриваат само компонираната училишна химна.

 

 

Химна Гоце Делчев 

 

Гоце Делчев е мојот втор дом

со радост и топлина е полн

не е тоа било кое

училиште е мое и твое.

 

Со секој нов ден до нови знаења

влог во нашата иднина

во срца наши носиме

мисла гоцева.

 

Во Гоце Делчев

девет години сме ние

вредно учиме и се дружиме

гордост на Прилеп

најдобри во сĕ

по патот гоцев одиме

за Гоце со радост пееме.

 

Петки се редат на секој час

овде нема лош клас

химна за Гоце ние пееме

сите во еден глас.

Loading