ЦВЕЌЕ ЗА ПАТЧЕВ

Градоначалникот Марјан Ристески, пратеничката Ане Лашкоска, и претставници на Советот на општината, членови на ВМРО – ДПМНЕ, граѓани и ученици положија цвеќе на гробот на Методија Патчев и шестмината комити во Кадино Село, во спомен на настанот кога, пред 110 години, на 7 април, сами си го одзеле животот. Со букети ги закитија и  вечното почивалиште на Пере Тошев и спомен плочата на Ѓорче Петров.

Loading