Башка трибина за 11-ти, башка за Победа, башка за…

Фудбал

На 11 Октомври му нема спас и се сели во Втората лига, каде е Победа јуниор. Извесен е приклучокот и на третолигашкиот лидер – Корзо. Три екипи во исто друштво, а во минатото се знаеше дека во секој ранг е потребен само по еден тим. Веќе се поделени и навивачите. Една трибина наесен ќе е за 11 Октомври, другата за Победа јуниор – најавуваат фановите. Неопходно е и градот да изгради стратегија како фудбалот да се врати на старите позиции. Најфудбалскиот град е жеден  за барем еден прволигаш. Расцепканиот квалитет и разделените клубови нема да одведат никаде. Зарем Охрид, Кичево и Турново да се пред Прилеп. Тетово има три прволигаши! Битола го среди Пелистер, а ние само пропаѓаме. Ако нема фудбал и ракомет, како да нема спорт – коментираат приврзаниците.

Останува да се доиграат завршните мечеви пролетва. В сабота Победа јуниор оди кај Дрита, в недела (16 ч.) 11 Октомври ја чека Шкендија.

Loading