Вечер за Бадев

Во ЦК “Марко Цепенков”

Prv makedonski muzicki teoreticar- Atanas Badev

“Атанас Бадев и музичките преродбеници во Прилеп” е предавањето што ќе се одржи в среда, 11 април од 19.30 часот во организација на ЦК “,Марко Цепенков”. Етномузикологот, д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев, ќе потсети на големото име во македонската хорска музика, кој бил еден од првите професионални школувани музичари во Македонија. Ќе раскажува и за повеќемина музички преродбеници. Црковниот хор “Св. Благовештение”, под диригенство на Гоце Секулоски, ќе исполни дела од Бадев, меѓу кои “Молитвами Богородици” и “Спасими” и композиции од други автори, меѓу кои Секулоски и Мокрањац. Атанас Бадев се образувал во Москва и Санкт Петербург. Бил ученик на Николај Римски – Корсаков. По студиите, собирал македонска народна музика. Бил наставник по музика и хорски диригент во Солун, а подоцна и во други градови. Компонирал главно вокални дела, световни и духовни. Круна му е “Златоустовата литургија”, печатена во 1898 година. Бадев бил талентиран творец, полн со фантазија и голем мајстор за хорскиот слог.

Loading