Селекција на претстави

Од  први јуни  47 МТФ “Војдан Чернодрински”

Ce gi slektiram najdobrite pretstavi -  Petar Temelkoski

Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” по 47 пат стартува на први јуни. Во една недела ќе се понудат највисоките македонски театарски дострели како во официјалниот дел, така и во придружната програма – информира Петар Темелковски, уметничкиот директор на Фестивалот. Темелковски, кој ја врши и селекцијата на претставите, објаснува дека ќе ги изгледа пријавените претстави до 30 април. Конкурираат 32 македонски претстави. Повеќе од половината веќе сум ги гледал. Останува уште половината. Ќе го одберам одличниот театарски производ, атрактивен во изминатиот период. Ќе ги задоволиме сите вкусови, а прилепчани ќе имаат шанса за избор – потенцира тој. Официјалната програма ќе се соопшти на почетокот на мај. Придружните манифестации ќе бидат познати дополнително, а кон крајот на мај ќе се утврди составот на жирито.

Loading