ПЕХАРИ ЗА РАСНИТЕ КУЧИЊА

12. Интернационална изложба на кучиња од сите раси ЦАЦИБ Прилеп На Могилата,

Evrpski kucina masovno na izlozba

Грижата, негата, љубовта и дресурата од сопствениците се покажа на бројните кучиња кои продефилираа на 12-та Интернационална изложба на кучиња од сите раси ЦАЦИБ – Прилеп, организирана од Кинолошкото друштво од нашиот град на Могилата. Продефилираа околу двеста  сопственици од Шведска, Белгија, Бугарија, Франција, Србија и Македонија со своите миленици, Германски овчари, Добермани, Шарпланинци, Бернардинци, Ротвајлери, Германски Доги, Керн Териери, Јазовичари, Сибирски Хаски, Далматинци, Пекинезери, Ирски Сетери, Златни Ретривери, Американски и Шпаниели, Кокери, Пудли, Малтезеири, Мопси, Чивави и други. Специјализирани судии ги наградија расните кучиња со педигре, односно со издаден родовник, кој е признат од Светската кинолошка федерација.

За најдобрите беа доделени пехари и други награди.

Loading