Еминентното училиште “Јахја Кемал” во Скопје ги собрало најдобрите од најдобрите по хемија од основните училиштад а ги оцени и награди. Од 190 учесници, во првите десет места се нашле осмоодделенците од ОУ “Гоце Делчев” Стефан Неделкоски и Марија Темелкоска. Наставничката по хемија Кети Иваноска вели дека натпреварот бил поставен и целосно непристрасно оценуван од жири кое до детали ги мерело бодовите. “Мечот бил олимписки” оти бил за степен повисок од државните. Стефан и Марија рекоа се задоволни. Ги бендисал колеџот. Со освоеното второ, односно, седмо место добиле ослободување од партиципација од 80 и 50 насто. Не е исклучено да продолжат да се образуваат таму. Наставничката Иваноска објасни дека натпреварот бил со “плеј-оф” карактер. “Излегувале од игра” оние кои не освоиле 30 насто решени задачи. Само 40 насто успеале да достават детален план за изготвување на експеримент. Првите два дела се учат од книга. Не треба којзнае какви подготовки. На третиот – екперименталниот дел се покажаа вештините кои ги подготвувавме уште од ноември. Поставувањето на апаратурата, ставањето заштитна опрема, филтрацијата и крајниот резултат на екпериментот требаше да се изврши во рок од 30 минути. Секој потег се вреднуваше, позитивно или негативно. Комисијата “ловеше” детали. Иако со двајцата ученици вежбавме упорно, тремата ги “замати плановите” – вели Иваноска. Сепак резултатите не се случајни или неповторливи. Се должат на добро воодената “спрега” – ученик – наставник – директор. Секоја “алка”, го дава максимумот. Наставничката побарала агенси за хемиската лабораторија, директорот го исполнил барањето и учениците добро “потковани” заминале во Скопје. Стефан и Марија мирно седеа додека директорот и наставничката не штедеа пофални зборови. Рекоа дека се енциклопедиски пример како треба да изгледа и да работи успешен ученик.