НАЈ ПЕТКА – [email protected]

Драги наши зенитпетковци! Го започнавме нај изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и се разбира нај училиште за учебната 20011/12 година. И бидејќи од лани работава ни е “проверена” останува да ги засучите ракавите и да се фатите за работа: номинирајте ги вашите нај, а потоа поддржете ги преку вашите електронски гласови на нашата адреса: [email protected].

Се разбира, кого ќе номинирате и како ќе се изборите вашето училиште годинава да го понесе епитетот “нај” зависи само од вас , но бидете фер и обидете се најдобриот ученик од вашето училиште да биде токму онај кој е добар и вреден ученик, умее да почитува и да другарува, има големо срце и широка насмевка…

Вашиот нај наставник нека биде оној кој умее да ве научи, да ве сака, да ве слуша и секојпат помага токму кога ви треба. Најдоброто одделение нека биде одделението кое е пример за другарство, соработка и покажани резултати.

Од секое училиште ќе биде избран најученик и најнаставник, додека најодделение и најучилиште ќе биде прогласено едно, она кое најповеќе ќе биде подржано по електронска пошта.

Номинирањето ќе трае до крајот на месецов, а вашите гласови за нај ќе можете да ги испраќате до крајот на претпоследниот петок во мај, за да можеме на крајот од месецот да го завршиме нашиот избор на НАЈ ПЕТКА .

Вашите предлози за НАЈ ПЕТКА ги очекуваме на адресата: [email protected]

Loading