Менаџер, наместо професор

Весна Ангелеска, од “Орифлеим”

Со љубов до успех

So profesionalniot angazman ja promovirame nasata kultura, go afirmirame gradot - Vesna AngeeskaВесна Ангелеска има 44 години. Иако по професија е дипломиран одделенски професор, пред магистатура по маркетинг, сепак не е меѓу клупите и со учениците. Не предава математика, македонски, не носи дневник. Но, запишува. По седумгодишна даскалување, “заплива” во други, во бизнис води. Барајќи егзистенција “плус”, се “фати во мрежата” на фирмата за козметика “Орифлеим”. Не се кае. Вели дек не згрешила.

Динамичен ангажман

Веќе 14 години е со “Орифлеим”. Најпрво како консултант, сега како менаџер – директор. Последните 10 години интензивно е насочена кон  претставување на фирмата, а изминатите четири е професионален дел од мрежата.

– Првин работев колку за мене, оти приликите така налагаа.  Мораше да преживеам. Со времето, ангажманот стана привлечен и  интересен, оти е многу динамичен со дружења и комуникации. Целосно ме “ме осовои” и му создаде чувство на исполнетост. Мислам дека се најдов себе си на вистинското место, каде умеам да го дадам максимумот, а тоа да не претставува товар, туку задоволство. Се помирив што не сум професор, дека повеќе нема да бидам со децата, да ги воспитувам и образувам, да учат букви, да читаат и пишуваат, да ги совладуваат бројките и операциите на собирање и вадење. Не жалам што не сум меѓу клупите – објаснува Весна.

Сакаат топ форма

Вели дека големи се можностите за напредување во фирмата, зашто постојано се надградува на едукации со високо ниво на квалитет.

Постојано нешто ново учам, совладувам, откривам. Тоа го пренесувам и на помладите. Последните неколку месеци имавме неколку семинари, како, на пример, во Крушево за “лидерството”. Пред една недела го претставив градот во Темишвар, на семинар за лидерство. Таму Македонија, меѓу кои и Прилеп, беа претставени во вистинско светло, на пиедестал. Ечеше “Македонско девојче” во Темишвар. Беше голем предизвик, ќеф, гордост, да си Македонец. Како во себе да ги реоткрив, да ги обновив, да ги разбудив патриотските чувства. И не само тоа, туку ја промовираме нашата култура, го афирмиравме градот. Згора на тоа, средбите придонесуваат за полнење на батериите за нови подвизи – вели Ангелеска.

Весна забележала дека прилепчани сакаат многу да се дружат, но и да се разубавуваат.

Секаде сме присутни, особено кај младите. Се интересираат за производите. Реномираната фирма за козметика, многу сограѓанки ја  посакуваат за да бидат во топ форма. Се интересираат за новитетите. На организираните забави, кога едуцираме помлади кадри, ги пренесуваме можностите за заработувачка, тајните на кремите, за декоративна козметика. Демонстрираат и професионални шминкери, па потоа се добиваат сертификати. Нашето мото, а и моето е “изгледајте убаво, забавувајте се и заработете додава таа, посочувајќи дека за да се успее во било која професија потребен е голем труд, љубов посветеност и внимание, но и верба за успех.

Македонците ги запалија шведските сопственици

– Нашите успеси надвор од Македонија се придобивки и за земјата. Пред девет години на Родос, македонскиот дел од “Орифлем” покажа голем раст на консултанти. Сопствениците им посветија особено внимание на Македонците. Разговаравме и разменувавме мислења и им ги пренесувавме не само бизнис односите во Македонија, туку ги запознавме со убавините на нашата Татковина – гордо истакнува Весна Ангелеска.

Loading