Корито покрај Зибијата

Se skrotiva Gradskata reka so korito

Во напредна фаза доуредување на речното корито на Градската река. Се грди ѕидот од гранитни камења врз бетонски-армираните платна во должина од 130 метри од после мостот во “Димо Нареднико”, односно потпорниот ѕид на дел од улицата “Кеј 9-ти Септември”. Вкупната должина на потопрниот ѕид кој е предвидено да се изгради е 300 метри. Во првата фаза се предвидени 9 милиони денари средства локалниот буџет, а понатаму претстои доуредување на кејскиот ѕид во населбата “Ѓогдере”, за што се планираат дополнителни буџетски пари.

Loading