Книга за Велигден во Тополчани

Велигден ќе биде радосен за жителите на Тополчани. По повеќегодишна пауза ќе биде отворена подрачна библиотека во просториите на поранешната локална самоуправа. Петар Петрески, директорот на Библиотеката вели дека им излегува во пресрет не само на жителите, туку и на учениците, бидејќи Библиотеката ќе располага со литература за децата од основните и средните училишта. На располагање ќе се околу 20 илјади книги и дневен печат. Понатаму ќе се инсталира и интернет. Просторијата е реновирана – вели Петрески. Инаку, интернет клубот на  Градската библиотека е осовременет со четири  нови компјутери, со што корисниците можат да разгледуваат низ страниците на 10 нови компјутери.

Loading