Со пари од Министерството за култура, ЦК “Марко Цепенков” ќе изврши промена на старата, дотраена опрема за прикажување на филмови од осумдесеттите години. Ќе биде оспособена за проекции на филмови на големото платно. Центарот е пореден меѓу првите градови во земјава за рехабилитација на кината. Директорот Тони Чатлески достави апликација до УНЕСКО за финансиски средства за адаптација на нова кино сала. Се надева дека љубителите ќе уживаат на големиот екран до крајот на годинава.