Катерина и Надица се “најгерманки”

Ja za germanski - Katerina Gligoroska

Германскиот јазик или ти оди, или не. Се учат на памет падежи и времиња, ама напорно е ако “немаш срце”. А дека има љубов и елан за да го изучува јазикот на Гете и Вагнер, жив пример е осмоодделенката Катерина Глигороска од ОУ “Блаже Конески”. На натпреварот по германски јазик организиран од германската амбасада, нашата Кате освоила 67 бодови, зад првонаградениот ученик кој имал 72. Учествувале 23 ученици од сите основни училишта од државава, кои првин ги “минале” општинското и регионалното “сито и решето” да стигнат до главниот натпревар на Филолошкиот факултет во Скопје. Затаила прочуената германска прецизност, па сé уште не се знае на кое место е прилепчанката. На тестот имаше читање, слушањеpofalnica za Nadica Bineska i Vesna Risteska и пишување. Мислам дека пишувањето ми беше “најслаба алка”, оти требаше да се употребат времиња и падежи кои уште ги немаме изучено. Инаку другите делови без мака ги “прелетав” – рече Катерина која била под менторство на наставничката Билјана Најдоска. Го одбрала овој јазик затоа што убаво звучел. Смета дека ќе í користи понатаму. Потежок е од англискиот, ама повеќе наградува, оти е светски јазик. И во релаксацијата, германскиот ја следи Кате. Пејачките Хелнена Фишер и  Лена Маер и се омилени со поп-музиката. Сака да гледа комедии и хорор филмови. За натаму, го  мерка медицинско, ама ја “сопира”, тоа што не се изучува германски. Ќе треба да го смени со “мртвиот” латински. Не е решена уште, па и гимназијата е опција.      Нејзина “сестра по јазик” е и осмоодделенката од ОУ “Гоце Делчев”, Надица Бинеска, која на натпреварот освоила исто бодови колку и Кате. Според наставничката Весна Ристеска, за малку им “избегала” наградата – двонеделен платен престој во Германија. Но, и пофалницата за четвртото место значи поттик за понатамошно усовршување на јазикот. И неа есејот í бил потешка страна од тестот. Поважно е што остварила контакти. На наставничката í драго што расте интересот за “техничкиот” јазик, зашто очекува подем на германски фирми во Македонија, а со тоа и кадри со познавање на овој јазик.

Loading