Дарко Талески, наставник по ликовно во ОУ “Кирил и Методиј” во селото Канатларци со соработниците оставиле 82 учесници зад себе на натпреварот за иновативни апликации, организиран од Микрософт, во Лисабон, Португалија. Го освоил првото место со проектот “Забавно учење со стоп-моушн анимација”, создаден со колешките Драгица Здравеска, Софија Грабулоска, Зорица Трајаноска и Мирјана Тромпеска. Екипата креирала сет слики, кои се фотографираат и се монтираат на компјутер да изгледа како видео. Првото место му донесе и учество на Светското првенство во Атина овој ноември. Апликацијата е лесна е за учење, применлива и интересена за учениците. Се применува за било кој предмет. За подготовка на еден час, потребни се три сати Веќе е изготвен прирачник за употреба на апликацијата – објасни првонаградениот Талески. Со поддршка на одговорната за Микрософт за Македонија, Влора Адеми, наставниците ја афирмирале и државата. На наставниците им оставил впечаток “кинект” методот, што го симулира движењето на човечкото тело на монитор. Наградата на Талески не му значи толку многу, колку што им значи на неговите ученици, кои се израдувале кога дознале дека се први во Европа. Талески веќе комуницира со Британскиот совет, со Министерството за информатичко општесто и Министерството за образование за проширување на програмата во другите училишта. Во Бугарија, наш ученик освои второ место со оваа техника, а колешката Драгица Здравеска ќе го претстави во Атина и Софија – заврши Талески.