За природата во природата

Третоодделенците од ОУ “Добре Јованоски” заедно со наставниците Каролина Николоска, Гоце Перески и Валентина Јованоска,  го окончаа “зелениот пакет”, кој служи за подигнување на еко-свеста кај учениците, преку интегрирана настава. Темата им била “биолошка разновидност”, а за погодно место го одбрале паркчето кај Судот. Таму интегрирале математика, запознавање со околината, ликовно, македонски јазик и физичко. Запознавањето со околината го чинеле со набљудување, бележење и распознавње на  флора и фауна. Математички ги собирале податоците на паноа. За ликовно биле опремени со штафелај, боици и фломастери за да го доловат видокругот. По македонски јазик нашле соодветни рими и зборови за да создадат песнички. А часот по физичко бил одличен, во природа покрај зеленило каде се врвчеле вредни како мравки. На децата долго ќе им одѕвонува во главите наученото за природата.

Loading