Стар воз, со репарирани нови вагони од таканаречните “шпанци”, ќе се сообраќа од Прилеп кон Битола од први април. Македонски железници ги опреми модерно вагоните – ќе имаат интерент, ТВ, но и видео контрола на однесувањето на патниците и на персоналот. Не е исклучено патниците да добиваат кафе или чај. Нема да се дозволи пренесување на живи кокошки или гуски на пазар. Ниту вреќи и гајби со комири и грав. Возот е превоз на патници, а не за товар за на пазар. За околу 50 минути ќе се стасува до градот на конзулите, и тоа со попатни застанувања во неколкуте села. Возот ќе биде погоден за учениците и студентите, но и за работниците, оти од Прилеп ќе тргнува од 6.40 часот, попатно ќе застанува во Галичани, Бакарно Гумно, Тројкрсти, Новоселани, Лознани, во Даме Груев, а во Битола ќе пристугнува во 7.28 часот. Враќањето од Битола е во 17.03 минити. Патниците за билет во еден правец ќе плаќаат по 98.50 денари, а за повратен 158 денари. Железници нудат и поволности за месечен билет кој ќе чини 2.049 денари, а за студентите и учениците 1.734 денари.