Двајца претставници од Институтот за старословенска култура со проекти учествуваат на Деновите на македонска култура во Полска, што се одржаа од 26 март до денеска. Ја претставија македонската и прилепската култура, традиција и фолклор.
Отворена е изложба на фотографии “Прочка во Прилеп – обредни маски” од етнологот д-р Ели Луческа, која го претстави празникот Водици во селото Битуше. Д-р Владимир Караџоски ги презентира детските и младешките игри како дел од фолклорното наследство во Македонија, а Полјаците се запознаа со филмот “Од памтивек било така – така и ќе остане” од Ели Луческа, во изработка на ФАН продукција.
![]()


