НАЈ ПЕТКА ЗА 2011/12 година

Драги наши зенитпетковци почнете да се подготвувате за годинешниот избор за НАЈ училиште, НАЈ одделение, НАЈ ученик и НАЈ наставник за оваа учебна година!!! Изборот што лани го промовиравме и апсолутно ви се допадна, го подржавте и активно учествувавте во него, го најавуваме и за оваа учебна година. Предлозите и сугестиите под итно можете да ги испраќате во нашата редакција лично или на добро позната адреса: [email protected] , а номинирањето ќе го започнеме од првиот петок во април. Добро размислете кој навистина заслужува Зенит петка, годинава да го прогласи за НАЈ НАЈ и се разбира поддржете го максимално. Правилата се јасни и едноставни: сами предлагате кој би можел од вашето училиште  заслужено да го добие епитетот, а потоа електронските пораки ќе бидат вистинското мерило на вашата подршка. Од секое основно училиште ќе биде номиниран и избран Нај ученик и Нај наставник, а само едно одделение и само едно училиште ќе биде прогласено за НАЈ за оваа учебна година.

Loading