Наесен второлигаши

Спортски школи: ОК 11 Октомври

Во салата Партизан трипати неделно тренираат школите на женскиот одбојкарски клуб 11 Октомври. Со околу 80 девојчиња работи тренерот, некогашниот одбојкар Глигурче Локвенец. На возраст се меѓу осум и 14 години. Низ вежбање учат техники и растат. Секој тренинг е задоволство за учителот и одбојкарките. Имаме прекрасни девојчиња. Ги селектиравме. Тешко се наоѓаат високи, со дарба за овој спорт. Во процесот на оформување на тимот, поддржани сме од Федерацијата. Претстојат успеси – вели Локвенец. Порано градот имал одличен женски тим, на кого се воодушевувала цела земја. Некаде 1964 година била формирана екипата, а наредната победувала сé и станала шампион. Настапувала и во втората лига. Клубот егзистираше до 1995г. Амбиција е да ја вратиме одбојката со стариот сјај. Имаме пријателски со Крушево. Губиме, но поважно е што играме. Чекор по чекор го подготвуваме тимот. Наесен се вклучуваме во второлигашки сениорски ранг – најавува Локвенец.

Loading